X
 20.12.2018 Наука

Контроверзните експерименти на Кина и Русија ја менуваат атмосферата на Земјата

Кина и Русија заеднички спроведоа контроверзна серија на експерименти за менување на атмосферата на Земјата со високофреквентни радиобранови.

Научниците од руската инсталација наречена „Сура-јоносферска фабрика за греење“ близу градот Василсурск, источно од Москва, испуштале високофреквентни радиобранови за манипулација со јоносферата, додека кинескиот сеизмо-електромагнетски сателит ги мерел ефектите врз плазматските нарушувања од орбитата.

Ова не е првпат да биде спроведено вакво истражување, но вестите за кинеско-рускиот развој предизвикаа загриженост во врска со можните воени примени на овој вид наука. Тоа е така затоа што јоносферата и јонизираниот гас (плазма) што го населува се од клучно значење за радиокомуникацијата. Со селективно нарушување на наелектризираните честички што го сочинуваат овој дел од горната атмосфера научниците, па дури и владите, теоретски би можеле да ги засилат или блокираат далечните радиосигнали.

наса
Фото: NASA


Дури и овие прелиминарни експерименти спроведени во јуни и наводно дизајнирани како тест за идните истражувања поврзани со јоносферата имале екстремни ефекти.

Во еден од експериментите погодената област на нарушување на јоносферата, наводно, опфаќала 126.000 квадратни километри. Во друг тест јонизираниот гас во атмосферата се зголемил за 100 Целзиусови степени.

Сите вклучени страни во истражувањето тврдат дека е чисто научно и безопасно за атмосферата.

- Не си играме Бог. Не сме единствената земја што се здружи со Русите, и други земји имаат направено нешто слично - изјавил неидентификуван истражувач од Кина.

„Сура“ била основана од Советскиот Сојуз во раните 80-ти години, но се смета дека била инспирација за уште поголем објект за атмосферско греење во САД, наречен ХААРП, кој бил изграден во Алјаска една деценија подоцна.

ХААРП - што е значително помоќен јоносферски објект - првично делумно бил финансиран од американската војска, но сега е администриран од Универзитетот „Феирбенкс“ во Алјаска.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука