X
 30.06.2026 Живот

Предијабетесот е последно предупредување на организмот: Овие 3 промени можат да ви помогнат

Предијабетесот е сериозна здравствена состојба која претставува последно предупредување на организмот пред да настапи дијабетес тип 2. Во оваа состојба нивото на глукоза (шеќер) во крвта е повисоко од нормалното, но сè уште не е доволно високо за официјално да се дијагностицира како дијабетес. Предијабетес значи дека нашето тело почнува да развива инсулинска резистенција - клетките престануваат правилно да реагираат на инсулин и поради тоа шеќерот се задржува и се наталожува во крвотокот.

Лицата што имаат предијабетес често завршуваат со мултиморбидитет

Големо истражување, кое траело 21 година, откри што најдобро ги штити лицата со предијабетес. Според Центарот за контрола и превенција на болести, повеќе од 2 од 5 возрасни во САД имаат предијабетес, состојба во која нивото на глукоза во крвта е повисоко отколку што би требало да биде, но не толку високо како кај дијабетес тип 2.

Ризик-фактори за развој на предијабетес се прекумерна тежина или дебелина, возраст од најмалку 45 години, близок роднина со дијабетес тип 2, гестациски дијабетес (во бременост) или ако бебето при раѓање било потешко од 4 кг.
Лицата со предијабетес можат да развијат низа хронични здравствени состојби и често завршуваат со мултиморбидитет - имаат 2 или повеќе хронични состојби.

Промените на начинот на живот можат да бидат ефикасни

Неколку промени во начинот на живот, на пример, губење на тежината, поголема физичка активност и поздрава исхрана можат да помогнат да се спречи оваа состојба. Ако овие промени не го намалат нивото на глукоза во крвта, лекарите можат да препишат лек за дијабетес тип 2 - метформин. Меѓутоа, студија објавена во списанието ЈАМА покажа дека промените во начинот на живот можат да бидат поефикасни од метформин во спречување мултиморбидитет кај луѓе со предијабетес.

Програмата за промена на животните навики се темелела на три главни цели:

• намалување на внесот на калории и масти
• најмалку 150 минути физичка активност неделно
• губење најмалку 7 отсто од почетната телесна тежина.


Најчести хронични болести кај лица со предијабетес

До крајот на 21-годишното следење повеќето учесници развиле две или повеќе хронични болести, што ја покажува врската на предијабетесот со долгорочните здравствени ризици. Најчести хронични болести биле покачени масти во крвта, висок крвен притисок и шеќерна болест.
Сепак, групата што усвоила поздрави животни навики имала поповолни резултати: 82 отсто од учесниците во таа група развиле две или повеќе хронични болести во споредба со 85 отсто од оние што земале метформин и 87 отсто од оние што примале влијаат врз повеќе процеси во организмот. Додека метформинот првенствено ја подобрува чувствителноста на организмот на инсулин и го намалува создавањето глукоза во црниот дроб, промените во исхраната, физичката активност и телесната тежина имаат многу поширок ефект врз здравјето.

Извор: eklinika
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот