X
 11.05.2017 Култура

Фасцинантни факти кои не сте ги знаеле за Русија

1. Хотелот Асторија во Санкт Петербург е местото каде што Хитлер планирал да одржи голем славенички банкет откако ќе го освоел градот.

2. Неговиот најголем музеј - Ермитаж е дом на околу 70 мачки, кои ги чуваат богатствата од глодари. Традицијата датира од 1745 година, од царицата Елисавета, ќерка на Петар Велики.

3. Суботник е денот кога жителите на руските градови доброволно ги метат и чистат улиците. Ова започнало после револуцијата и продолжи да се случува и ден денес.

4. Името Црвен плоштад нема никаква врска со комунизмот, но потекнува од зборот „krasnui“, што некогаш значело „убаво“.

5. Мразулците кои висат од олуците во Москва во текот на зимата се толку големи што тротоарите се уништени доколку тие паднат - и би можеле да убијат човек ако паднат врз нечија глава.

6. Постои бронзена скулптура од куче со сјаен нос на метро станицата на „Ploshchad Revolutsii“ - носот сјае бидејќи сите го допираат за среќа.

7. Ова не е единствената скулптура од куче во Русија - исто така, постои споменик од Лајка, кучето кое патуваше во вселената во 1957 година.

8. Супа од пилешки нозе („кхолодетс“) е традиционален деликатес.

9. Русите обожаваат гардероби - секој ресторан/бар/музеј/галерија има гардероб за вашето палто. Најдобрите се ефикасно водени од екипа на бабушки.

10. Подарувањето цвеќе на домаќините е деликатна точка на бонтон. Секогаш давајте непарни броеви, освен кога одите на погреб - тогаш се носат парен број цветови.

11. Во Санкт Петербург, веднаш до мостот кој води до тврдината Петар и Павле, постои статуа на зајак која го слави големиот број на зајаци кои живееле на островот и нивната борба против поплавите кои го нападнале градот во текот на 18 и 19 век. Се смета дека ќе имате среќа ако го удрите споменикот со паричка.

12. Руските автомобилите стануваат помали како што го напуштате главниот град, а фризурите стануваат почудни.

13. Кога станува збор за консумирање на алкохол, Русите се четврти во светот, според статистичките податоци на СЗО, позади Белорусија, Молдавија и Литванија.

14. Зборот „водка“ потекнува од зборот „вода“.

15. Животниот век на мажите е само 63, понизок отколку во Северна Кореја и Ирак. Русинките пак, живеат до 75-та година.

16. Островот Итгран е дом на таканаречениот „Whale Bone Alley“, каде се наоѓаат остатоци од морски цицачи.

17. Подземното метро во Москва е едно од најубавите во светот.

18. Постои уште еден таен метро систем - „Метро 2“, кој ве води до воени бункери.

19. Русите прават туршија сè: краставици, цвекло, моркови.

20. Дрвја со катанци можат да се најдат насекаде низ Москва - паровите ставаат катанци за да ја докажат својата љубов.

21. Во трезорот/музејот под Споменикот на херојските бранители на Ленинград, единствениот звук е темпираното отчукување на метроном - тоа е вревата која се пуштала на локално радио за време на опсада за жителите да знаат дека градот сè уште бил жив.

22. Се смета дека сте „слабич“ ако ги поставите ушите на вашата Ушанка (капа од крзно), освен ако температурата не падне под -20 степени Целзиусови.

23. Сообраќајот во Москва е толку лош што богатите Руси изнајмуваат лажни амбулантни возила за да го расчистат метежот.

24. Во паркот Паднатиот споменик во Москва има многу несакани статуи од СССР.

25. Постојат 11 милиони повеќе жени отколку мажи.

26. Се проценува дека 50% од полицајците земаат мито.

27. Има ресторан во Москва во кој сите вработени се близнаци.

28. Не е сè тундра и тајга - можете да одите на пешачење на вулкани.

29. Странците плаќаат повисока цена за влезници на многу туристички локалитети. Не е фер, но не можете ништо да направите.

30. Постник Јаковлев е познат како човекот позади катедралата Свети Василиј. Легендата вели дека Иван Грозни го ослепел после создавањето на Свети Василиј за повеќе никогаш да не изгради ништо слично кое би можело да му биде конкуренција.

31. Во земјата постојат повеќе временски зони (11) од било која друга земја.

32. Иако работите се подобрија во голема мера, руската полиција сè уште е позната по тоа што ги малтретира странците и од нив бара документи.

33. Една од најголемите мистерии на Втората светска војна е судбината на Килибарната соба, соба украсена со златни листови и огледала која некогаш се наоѓала во палатата Кетрин во Царско село, во близина на Санкт Петербург. Била ограбена од нацистите и однесена во Кенигсберг за реконструкција, меѓутоа не се знае каде е денес.

34. Островот Олкхон, најголемиот на Бајкалското Езеро е жариште за шаманизам.

35. Западните лидери не се добредојдени во најмалку еден фришоп на аеродром.

36. Во Белата трпезарија во палатата Ермитаж постои часовник над каминот. Часовникот запрел на 2.10 часот наутро вечерта на 25 октомври, 1917 година, кога привремената власт на Керенски, која била на власт од Февруарската револуција, бил уапсен од Болшевиците - во тој момент Русија „падна“ во комунизам.

37. Михаил Горбачов снимил албум со романтични балади.

38. Краток период во 90-те, „PepsiCо“ ја имаше една од најголемите подморници во светот.

39. Можете да ја посетите без виза со ферибот/кратко крстарење од Хелсинки.

40. Русија ја има една од најпознатите застрашувачки пешачки патеки во светот: „SkyBridge“ висока 439 метри.

41. Санкт Петербург има сопствена плажа - покрај тврдината Петар и Павле. Жителите веруваат во терапевтските ефекти на замрзнатата вода и тука се собираат и се капат во зима.

42. Островот Василевски во Санкт Петербург нуди бизарен избор на атракции, вклучувајќи и еден пар на сфинги од 15-от век од Египет и музеј на биолошки необичности, каде што може да се види скелетот и срцето на личниот слуга на Петар Велики.

43. 1.800 скијачи и сноубордисти по бикини скијаат и даскаат во обид да го рушат рекордот од Гинис.

44. Постојат планови за автопат долг 20.000 километри кој ќе ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан.

45. Во Русија се наоѓа најдолгата река во Европа, реката Волга која е долга 3.690 километри. Има повеќе од 200 притоки кои, заедно со Волга, прават 357.000 километри.

46. Тешките работни логори во Русија, познати како гулази, наскоро ќе бидат претворени во туристички кампови. Контроверзниот план за привлекување на посетители беше објавен минатата година.

47. Околу 10.000 британски туристи ја посетуваат земјата секоја година, а 90% од нив одат само во Москва и/или Санкт Петербург.

48. Во Углич постои црвено-бела црква со поглед кон Волга го означува местото каде во 1591 година, 8 годишниот Димитриј Царевич, најмладиот син на Иван Грозни и последниот од Рурик династијата, бил убиен, по наредба на Борис Годунов.

49. Русија е дом на најстуденото населено место на планетата - Ојмјакон. На 6 февруари 1933 година, била измерена температура од -67.7 °C.

50. Русите некогаш изградиле кружен воен брод.

51. Во 1908 година рускиот олимписки тим пристигнал во Лондон 12 дена подоцна бидејќи сè уште го користеле јулијанскиот календар.

52. Тер Сами јазикот од полуостровот Кола е на работ на истребување - го зборуваат само двајца.

53. Можете да купите антички марки од малите продавници за цигари.

54. Според биографијата на Хенри Тројат, Петар Велики ги сакал неговите играчки војници толку многу што тој егзекутирал стаорец (со бесење) кој ја изгризал главата на еден. Исто така, тој вовел данок на брадите.

55. Постои синџир на руски кафулиња каде се е бесплатно и каде плаќате во зависност од тоа колку долго ќе останете таму.

56. Езероот Карашај, депонија за нуклеарен отпад, е толку радиоактивно што ако стоите еден час покрај него, речиси сигурно е дека радиоактивноста ќе ве убие.

57. Музеј во Санкт Петербург го има изложено пенисот на Распутин во стаклена тегла. Сепак, експертите се сомневаат во неговата автентичност.

58. Русите обожаваат камери за во автомобил.

59. И очигледно во тек е изградба на скијачко одморалиште со воена тематика.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура