X
 11.05.2018 Технологија

Италијански истражувачи развиле нова роботска рака




Италијански истражувачи развиле нова роботска рака која на корисниците им овозможува попрецизно да ги фаќаат предметите, со дизајн што значително ќе ѝ ја намали цената.


Роботска рака
(Фото: Pixabay)


Како што објаснуваат истражувачите, новата роботска рака има поедноставен механички дизајн во споредба со другите такви производи, со сензори кои реагираат на електронски сигнал на мускулите, пренесува „AP“.

Новата рака има само еден мотор што ги контролира сите пет прсти, што ја прави лесна, евтина и поспособна да се приспособи на обликот на предметите.

Оваа роботска рака ја развил Италијанскиот институт за технологија INAIL, кој планира следната година да ја понуди на европскиот пазар по цена од околу 10.000 евра – што е за околу 30 отсто пониска од моменталната пазарна цена.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија