X
 24.04.2018 Живот

Социјална мрежа плаќа за секој коментар, објава или лајк

Што ако ви кажеме дека постои социјална мрежа која многу личи на „Фејсбук“ и на своите корисници им плаќа за времето поминато на неа? За секој коментар, објава или лајк?

Станува збор за (крипто)социјалната мрежа „Мајндс“, која постои од 2015 година и има само околу еден милион корисници. Се разбира, во споредба со двете милијарди на „Фејсбук“, овој милион не изгледа многу

На „Мајндс“ можете да ги објавувате своите фотографии, статуси, да коментирате на туѓите или едноставно да комуницирате со своите пријатели. Но, кога некој ќе коментира на вашата објава, „Мајндс“ ќе ве награди со токен.

Тие токени не можете да ги замените со вистински пари (сè уште не, но се работи на случајот), но можете да ги искористите на самата мрежа или да си платите „оглас“ што ќе им се прикажува на другите корисници, или да му платите на некој друг корисник да ја споделува вашата објава со своите пријатели.

За разлика од „Фејсбук“ каде што огласувачите можат да одбираат на кои корисници да им се прикаже одреден оглас, на „Мајндс“ не постои такво нешто. Ако си платите оглас, тој ќе се прикаже на ѕидот на 1000 случајно избрани корисници за секој токен што ќе го потрошите.

Начинот на „Мајндс“ за поинакво промовирање содржини прави секогаш да е видливо кој точно ја плаќа промоцијата. Тоа е еден од аспектите на кои се посебно горди – транспарентноста и децентрализацијата.

Минатиот месец во „Мајндс“ почнале да го тестираат претворањето на својот токен во криптовалута мајндс токен што се темели на етериумот. Идејата е во иднина корисниците да можат да ги претворат собраните токени во некоја криптовалута или дури во реални пари.

Концептот што го заговара „Мајндс“, а тоа е плаќање на луѓето за нивното време и за податоците, е сè попривлечен и за корисниците и за социјалните мрежи.

Па, можеби во иднина ќе заработуваме од коментарите на нашите фотографии од годишниот одмор или од споделбата на интересна содржина.

Фото: Freepik
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот