X
 05.12.2020 Наука

Како изгледа внатрешноста на вулканот?

Доколку „исечете“ вулкан на половина, како би изгледала неговата внатрешност? За повеќето вулкани се претпоставува дека во внатрешноста имаат голема комора со магма која е поврзана со површината преку тесен канал. Но детална анализа на закопаниот изгаснат вулкан помеѓу Фарските Острови и архипелагот Шетланд открива дека внатрешноста на вулканите не е толку едноставна.

Вулканот Ерленд последен пат еруптирал пред 55 милиони години и денес се наоѓа под талог дебел повеќе од еден километар. Фај Вокер од Универзитетот во Абердин и негови колеги користеле сеизмички фотографии и податоци од локации за копање нафта за да ја илустрираат внатрешноста на стариот вулкан.


Фото: Screenshot/Geology

Нивните фотографии, објавени во списанието „Џиолоџи“, откриваат структура што личи на елка, која покажува дека комората на махмата растела како дрво и секој свеж дел магма создавал нови „гранки“.

Оваа структура одговара на теоријата дека во вулканите само еден дел од комората е стопен во одреден момент. Ова покажува дека „гранките на дрвото“ од магма играат клучна улога во активацијата на вулканите.

Автор: Кејт Равилус
Извор: theguardian.com
Насловна фотографија: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука