X
 11.05.2024 Забава

Голум ќе режира филм за Голум

Сите знаеме дека филмовите според книгите на Џ. Р. Р. Толкин беа неверојатно успешни на киноблагајните и малку е чудно што филмските студија не тргнаа по патеката на „Војна на ѕвездите“ и не направија многу продолженија иако „Господар на прстените“ имаше најголема заработувачка во филмскиот бизнис.

„Ворнер брос“, „Пикчрс“ и „Њу Лајн синема“ сега сакаат да го променат тоа, па се здружиле со Питер Џексон, Фран Волш и Филип Бојенс за да продуцираат два нови филма од светот на „Господарот на прстените“, од кои првиот е „Лов по Голум“, во кој Енди Серкис ќе се врати во улогата на Голум, но и како режисер.

Актерот, кој е најпознат по неговите улоги кои се главно гласовни, како Голум и Цезар од „Планетата на мајмуните“, веќе режирал неколку интересни филмови, меѓу кои „Веном: Нека има колеж“ и „Могли: Легендата на џунглата“, па продуцентите се одлучиле за него, со тоа што покрај режијата, повторно ќе го отелотвори и Голум како актер.

Сѐ уште не се знае за што ќе се работи во филмот, но од насловот е јасно дека ќе биде лов на некој што мисли дека го има прстенот или знае како да го добие.

Ако се оствари ова, светот на Толкин може да добива нов филм или серија секоја година, како што се случува со „Војна на ѕвездите“.

Извор: vidi.hr

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава