„YouTube“ е видео пребарувач кој не само што го користат возрасните, туку и помалите деца. И кога човек ќе помисли дека малите деца ги пребаруваат нивните најомилени цртани филмови и ликови на овој пребарувач, денешните деца уште повеќе изненадуваат.
Моментално, најпопуларни видеа се видеата на кои возрасни луѓе отпакоуваат играчки за мали деца. Најпопуларни се видеата на кои се отпакуваат нови технологии, а нивната популарност го достигна врвот овие неколку години со 1 милијарда прегледи само за 2014 година. Во просек, видеата кои го содржат зборот „unboxing“ имаат просечно 10.000 прегледи.
Така на пример, каналот „Ryan's Toy Reviews“ нуди видеа на кои 4 годишниот Рајан отпакува играчки и игра со нив. Каналот беше лансиран во 2015 година, а денес има повеќе од 5.4 милиони следбеници. До ноември 2016 година, имаше многу повеќе прегледи од било кој
канал - 182.6 милиони за само една недела - 15-та недела по ред. Рајан е повеќе популарен од Џастин Бибер.
Меѓутоа Рајан, кој е на иста возраст како и децата кои го гледаат, не е типичниот демографски „презентер“ на овие видеа. Наместо тоа, голем дел од луѓето кои отвораат играчки и играат со истите се возрасни.