X
 11.06.2020 Образование

Во Ирска најмногу се штрајкувало во секторот образование

Во Ирска биле изгубени вкупно 605.458 дена поради штрајкови во последните 11 години. Образовниот систем во Ирска изгубил повеќе работни денови поради штрајкови во последната деценија од кој било друг сектор во оваа земја.

Над една третина од вработените што биле вклучени во штрајк од 2008 до 2019 работат во образовниот сектор. Во тој период биле изгубени 605.458 работни дена поради штрајкови, а 464.346 работници учествувале во штрајк. 36% од нив работат во образованието, покажува анализа направена од „Мирор“. Според анализата, 165.063 вработени во образовниот сектор изгубиле 180.016 работни денови поради штрајкови.

Фото: Pixabay

Политичарот Гед Неш вели дека имало повеќе проблеми во образованието и здравството последниве години поради платите. Условите за работа и платите за основните работници треба да бидат сменети, а тоа најдобро се покажа за време на пандемијата, според Неш.

Според анализата на „Мирор“, здравствениот и социјалниот сектор следуваат по образованието во бројот на работници што штрајкувале. Во периодот од 11 години, 141.414 работници од овие сектори биле дел од штрајк, а биле пропуштени 121.036 работни денови. Следува јавната администрација со 98.563 работници што штрајкувале и 92.845 изгубени работни денови поради штрајк.


Фото: Pixabay

Во последните 11 години немало штрајк во агрокултурата, шумарството и рибарството, како и во информацискиот и комуникацискиот сектор во Ирска.


Извор: irishmirror.ie
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование