X
 11.07.2022 Образование

Уписи на УКЛО: Создаваме иднина - Технолошко-технички факултет, Велес

Една од најважните одлуки во животот е правилниот избор на факултет. Доколку имате желба или имате интерес да се стекнете со знаења, вештини и искуства од областа на нутриционизмот, прехранбената технологија и биотехнологија, ви нудиме можност да го остварите својот сон и да се запишете на Технолошко-техничкиот факултет, Велес со дисперзирани студии во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола. Факултетот е посветен на реализирање на својата основна задача и мисија, а тоа е студентите да се стекнат со знаења и компетенции од најновите научни достигнувања на глобално и на светско ниво, согласно основните цели за развој на нашата држава и потребите на стопанството.

Главниот приоритет на факултетот е постојано усовршување на наставниот кадар, модернизирање на наставните програми согласно светските трендови, потребите на пазарот на трудот и целокупното стопанство во државата и пошироко.

1

Студиските програми на трите циклуси академски студии имаат цел перманентно оспособување на професионално квалификувани лица кои ќе одговорат на современите потреби во заедницата и индустријата во насока на развивање технологии за нова храна со подобрени нутритивни карактеристики, креирање функционална храна и планирање и имплементирање модели на исхрана на индивидуално и популационо ниво.

Наставно-образовната дејност на Факултетот на прв циклус студии се реализира на студиските програми:

- Прехранбена технологија и биотехнологија (четиригодишни студии) 240 ЕКТС во Велес и
- Нутриционизам (четиригодишни студии) во Велес и дисперзирани студии во Битола

На вториот циклус  студии студентите имаат можност да ги изберат студиските програми:

- Нутриционизам (едногодишни студии) 60 ЕКТС ;
- Управување со квалитет и безбедност на храна (едногодишни студии) 60 ЕКТС и
- Нутриционизам (двегодишни студии) 120 ЕКТС

На третиот циклус студии на студентите им се нуди можност да ја одберат студиската програма:
- Иновативни технологии за храна и нутриционизам  (180 ЕКТС)

2

Технолошко-технички факултет, Велес постојано се залага за соработка помеѓу факултетот како научна институција и стопанството. За таа цел, формиран е Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти кој има цел со акредитација на лабораторијата да одговори на потребите на пазарот, да помогне во развојот на иновативни продукти или подобрување на постојните производи и да ја зголеми научноистражувачката дејност на наставниот кадар и на студентите.

Со учество во различни проекти се овозможува продлабочување и зацврстување на врската на Факултетот со стопанските субјекти во земјава и воспоставување стручна и едукативна соработка со партнерските институции од странство.

За подобрување на квалитетот на наставно-образовната дејност, се реализира организирана практична настава и посета на производствени капацитети, нутритивни центри, со цел запознавање со технолошките процеси, стандардите за квалитет и безбедност на храната, детектирање на проблемите и изнаоѓање соодветни решенија.

3

По завршувањето на своите студии студентите својот животен пат го продолжуваат во високообразовни институции, научноистражувачки лабoратории, лаборатории за контрола на безбедност и квалитет на храна, прехранбена индустрија, здравствени установи итн. Голем дел од студентите по завршувањето на студиите основаат фирми и компании кои успешно работат.

Препознатливоста на Технолошко-технички факултет, Велес се должи на перманентното усовршување на студиските програми, меѓународно признати дипломи, високата мобилност на студентите и наставниот кадар со кои факултетот има билатерални ERASMUS+ и CEEPUS договори за соработка, и конкурентност на европскиот и светскиот пазар на трудот.

2

Технолошко-технички факултет, Велес е отворен за сите заинтересирани студенти кои сакаат да студираат на некоја од нашите студиските програми.

Вложувањето во сопственото знаење е најдобра инвестиција!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование