Уништувањето на шумите во Амазонија во 2019 година е поголемо отколку што првично беше соопштено, се наведува во владин извештај објавен денеска.
Бразилскиот Национален институт за истражување на вселената во периодот од август 2018 година до јули 2019 година регистрира дека се уништени 10.129 квадратни километри шума.
Областа е со големина на Либан и е за 34,4 проценти повеќе од претходните извештаи за уништувањето на шумите во истиот период претходната година.
Според претходните податоци, биле уништени 9.762 квадратни километри шума, или 29,5 проценти повеќе од претходната година.
Податоците за 2019 година покажуваат најголемо уништување на шумите во бразилскиот дел на Амазонија од 2008 година.
Извор: МИА