Ривалството меѓу Џеф Безос и Илон Маск со години го полни медиумскиот простор, но односот на двајцата милијардери не бил отсекогаш таков. Имено, Безос и Маск пред 15-ина години знаеле дури и да отидат на вечера и да си разменуваат идеи. Но, тогаш нивните компании биле релативно мали.
Причина за уништувањето на пријателскиот однос во 2013 година била лансирната рампа 39А. Имено, две години порано „Спејс шатлс“ се повлекол, а НАСА не ја користела лансирната рампа, која потоа станала слободна за сите. Илон Маск, односно неговата компанија „Спејс екс“, прв кренал рака и се пријавил за користење на платформата. Набрзо и Безос ја добил истата идеја, па веројатно отишол чекор подалеку и барал од американската влада да спречи „Спејс екс“ да добие право на користење на лансирните рампи. Нормално, тоа не му успеало. Наместо тоа, компанијата на Маск во 2014 година потпишала договор за нејзино користење, и тоа на 20 години. Покрај тоа, на најбогатиот човек на светот му успеало да го разбесни Маск, кој коментирал дека станува збор за измамничка тактика и подоцна истата година го уништи обидот на Безос за патентирање на една од неговите технологии.
Но, светските размери на кавгата меѓу двајцата милијардери беа достигнати на „Твитер“. Во 2015 година „Блу Ориџин“ првпат лансира и приземји суборбитална ракета и Безос беше многу возбуден, па се пофали и на социјалната мрежа. Маск едвај го чекаше тоа. Тој му честита на ривалот и ја искористи можноста да го испровоцира, нагласувајќи дека за она што го прави „Спејс екс“ (мислејќи на лансирањето товар во вселената и подоцнежното враќање на дополнителниот генератор на Земјата) е потребна 100 пати повеќе енергија.
Кавгата и ден-денес е присутна на „
Твитер“, а еве дел од неа.