X
 07.09.2016 Живот

Девојката која пет години патува по светот

Се вика Нина Рагуза, има 31 година, веќе пет години патува по светот и желба и е да прошета на сите континенти. Како се снаоѓа?

Девојка покрај езеро

„Понекогаш е застрашувачки, збунувачки и ќе доживуваш неуспеси. Но, да знаеш дека не си успеал, а си се обидел е подобро отколку да не знаеш како можело да биде“, вели Нина за своето искуство.

Во 2011-та, еден месец пред 26-от роденден Нина, која живеела во Флорида, заминала во Бангкок со 6.000 долари и сертификат за професор по англиски. За патувањето по светот се подготвувала и штедела две години. Преку ден работела во адвокатска фирма, а неколку вечери во неделата по барови и промотивни настани.

Нина сега е во Австралија, каде работи како шанкерка и во продавница за опрема за сурфање. Дел од нејзините досегашни авантури вклучуваат: планинарење по вулкански кратер во Индонезија, пиење кокосова вода во Мозамбик, качување по карпи во Тајланд, шетање по древни храмови и планинарење со орангутани на Суматра. Додека патувала низ југоисточна Азија заработувала до 2.000 долари месечно, а трошела по 700.

Девојка во храм

Пораки од Нина:

- Не сум богата, но дефинитивно сакам да останам подолго од неколку недели, од неколку месеци. Решив да предавам англиски за да заработам додека живеам по странство и патувам.

- Се обидувам да се снајдам наоколу, купувам храна од маркети, се возам со различни превозни средства, запознавам нови луѓе, учам за културите, гледам работи кои одземаат здив, пијам пиво и следниот ден се будам и го правам истото.

Пиво и плажа

- Забавно е. Ваквиот начин на живот изгледа многу лесен кога си од другата страна. Гледаш само бикини или фотографии со прекрасни залези. Но, неизбежно е да се работи. Овој живот не е секогаш лесен, постојано има предизвици кои мора да се надминат, но вреди за секоја капка пот, солзи и пиво.

Where In The World Is Nina

Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот