X
 11.06.2024 Живот

Како вашиот клима-уред да троши помалку струја?

Во овие топли денови животот без клима е незамислив. Но, штом ќе го фатите далечинскиот управувач, се поставува друго прашање - колку ќе изнесува сметката за струја?

Дали навистина се штеди струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи пократки интервали со помала брзина. Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност за кратко време, па да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура. Во овој, полн интензитет на работа, клима-уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја отстрани влагата од просторијата.

Според некои податоци, клима-уредите трошат од 3 до 5 проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот. За максимална заштеда на енергија, експертите препорачуваат да го оставите клима-уредот да работи на 26 степени.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот