X
 06.07.2019 Економија

Го скратуваат работното време за да нема отпуштања

Германските индустриски компании очекуваат во следните три месеци да се скрати работното време за да се избегнат масовни отпуштања, покажуваат новите истражувања на институтот за економски истражувања „Ифо“.

Во следните три месеци се планира работното време да се скрати во 8,5 отсто од вкупно 2.000 компании опфатени со истражувањето, што е најмногу од почетокот на 2013 година. Околу 3,8 отсто од компаниите веќе го користат тој инструмент.

Многу компании користеле скратено работно време во текот на рецесијата во 2008 и 2009 година, скратувајќи го работното време во периодот на ниска искористеност на производните капацитети и барајќи од владите на работниците да им исплаќаат надоместоци за намалените плати за да се зачуваат работните места.

- Забавувањето на економиите постепено остава трага на пазарот на трудот. Германската индустрија е во рецесија од средината на минатата година. Скратената работа е алатка по која компаниите можат да посегнат за да ги задржат квалификуваните работници и покрај тешките економски времиња - вели Тиме Волмершојсер, шеф на секторот за економски прогнози при „Ифо“.

Според владините проекции, економијата оваа година би требало да порасне за скромни 0,5 отсто, со што растот би продолжил десетта година по ред.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија