X
 30.12.2021 Живот

Германија планира да го легализира канабисот за рекреативна употреба

Новата германска Влада изјавила дека ќе ја дозволи контролираната продажба на канабис на возрасни лица за рекреативна употреба во лиценцирани продавници. Владата предлага создавање регулиран пазар за продажба и консумација на марихуана од страна на возрасни лица, кој ќе вклучува контрола и закони за заштита на младите, меѓу другото, пренесува „Форбс“.

Ова било договорено од страна на партиите во владината коалиција по изборите во септември. Централно-левичарската влада водена од Олаф Шолц, социјален демократ кој ја замени канцеларката Ангела Меркел, работи во коалиција со прогресивната Зелена партија и Слободните демократи.

Демократската христијанска партија, која ја водеше претходната Влада, го блокирала предлогот за легализација на рекреативната употреба на марихуана со години. Според германските закони, не е нелегално да се консумира канабис, но нелегално е неговото купување.


Фото: Pixabay

Со новиот план, Германија би станала најголема нација во светот што го легализирала канабисот, по Уругвај, Канада, Малта и 18 сојузни американски држави.

Декриминализацијата би можела да ѝ носи 4,7 милијарди евра во приходи на државата, од кои 2,8 милијарди евра во даноци, а 1,36 милијарда евра во заштеда на полициски и правни трошоци.

Неодамна Малта стана првата земја во ЕУ што ги легализира употребата и производството на марихуана за рекреативна употреба.

Извор: Forbes
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот