X
 07.11.2023 Живот

Син ми има тикови - најчесто е дувањето со носот и тоа трае околу шест месеци. Страв ми е што не исчезнува, како да му помогнам?

Мојот син има 5 години и непосредно пред моето второ породување пројави тикови, најпрво еден тик, а потоа се надоврзаа повеќе различни (без претходните тикови да се изгубат). Посетивме детски психолог и бевме советувани дека детето си бара внимание и дека не е загрижувачка состојбата, односно дека ќе помине. Тиковите одредено време, околу две недели, се изгубија, но повторно се јави само еден тик, со тој и почна (дување со нос). Трае околу 5-6 месеци. Ме загрижува повторното појавување, што да преземеме дополнително за да му помогнеме на детето. Страв ми е да не премине во хронично. Воедно, детето се слуша дека дува со носот и понекогаш знае да ми каже дека така дише. Ве молам за совет.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот