Низ интернетот почна да се шири оптичка илузија која одлично покажува колку реалноста е различна од она што човечкиот мозок го перципира. Авторката на сликата е Викторија Скај, која вели дека иако ја создала, и нејзиното око е измамено.
Ако ја погледнете фотографијата, ќе ви се чини дека темносините хоризонтални линии лежат под одреден агол, иако тие се паралелни. Викторија објаснува дека ова се случува поради распределувањето на црните и белите квадрати во агли на поголеми црни квадрати.
Дека
линиите се паралелни можете да проверите со линијар или друг предмет.