Доколку не се плашите од височина, веројатно би се обиделе да се искачите по скалилата до небото во Тајван. Станува збор за скулптура на јужноафриканскиот уметник Стријдом ван дер Мерве која изгледа како бесконечни скалила што водат до облаците.
Скулптурата создава оптичка илузија за да изгледа како бесконечни скалила, а доколку се види од друг агол, изгледа сосема поинаку. Таа е висока само 4,5 метри.
Уметникот ја изградил скулптурата од челични квадратни цевки заедно со тајванскиот колега Чоу Шенг-хсиен.
Извор:
My Modern Met
Фото:
Strijdom