X
 27.06.2021 Забава

Оваа ретро оптичка илузија е најдоброто нешто што ќе го видите

На „Твитер“ се појави видео од австралискиот тв-хит од 70-тите, „Кјуриосити шоу“ во кој презентерот демонстрира илузија позната како „Прозорецот Ејмс“. Кога обликот на прозорецот ротира, се чини дека осцилира напред и назад, наместо да се врти 360 степени. И, како сите најдобри оптички илузии, ги збунува очите и мозокот на речиси сите луѓе.

Работите стануваат уште почудни кога е вметнато пенкало во формата. Се чини дека пенкалото се врти, но структурата на прозорецот изгледа како буквално да поминува низ него.

И, се чини дека пет децении подоцна, илузијата не загуби ништо од својата привлечност, со тоа што во моментот видеото е прегледано над 2 милиони пати.

„Прозорецот Ејмс“ или „Трапезоидот Ејмс“ го носи името на Аделберт Ејмс Џуниор, кој го открил во 1947 година додека го проучувал концептот на „трансакциска двосмисленост“.

Феноменот сугeрирал дека менталното очекување може да влијае на реалната перцепција на двосмислени дразби.

Извор: Creativebloq.com
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава