Калифорнија моментално се соочува со најголемите пожари што некогаш биле забележани во оваа американска сојузна држава, но не сте единствените ако имате чувство дека сте ја слушнале приказнава и претходно.
Оваа земја е толку исушена, што големи пожари има цело време, а климатските промени и не се баш од помош. Во последните неколку години големи површини се исушија, настанаа пожари и зад себе оставија црно земјиште.
Сега во Калифорнија се активни вкупно 18 пожари, а 14.000 пожарникари се обидуваат да ги контролираат. Меѓу јануари и август 2017 година изгореле 350 квадратни милји. Оваа година речиси илјада. Ова е најлошата сезона на пожари од 2008 година.
Повеќето од најголемите пожари (13 од 20) во Калифорнија се случиле по 2000 година.
На следната слика е претставено кои делови од државата биле зафатени од страшните пожари само во последните пет години.
Фото: Popular Science
Позитивните процени се дека пожарот наречен „Мендосино комплекс“, кој моментално ја пустоши Калифорнија, ќе биде запрен до 15 август. Но, секако дека ова нема да е последниот пожар што ќе беснее во оваа американска сојузна држава. За жал, глобалното затоплување сѐ повеќе ќе ги отежнува превенцијата и запирањето на
пожарите.