Август се смета за месец на метеорите, приредувајќи ни една од најдобрите глетки во годината: Персеидите, најпознатите метеорски дождови.
Овие метеорски дождови секогаш нудат импресивни глетки и поради тоа што се појавуваат налето, Персеидите се мелем за очите. Оваа година максимумот ќе биде достигнат пред разденување во вторник, на 13 август.
За жал, оваа година Месечината ќе биде голема пречка за сите оние кои ќе сакаат да го гледаат метеорскиот дожд затоа што ќе биде речиси полна. Светлината од Месечината ќе го преплавува небото во текот на речиси целата ноќ.
Инаку набљудувачите кои се наоѓаат во места каде нема јаки светлини и има отворени погледи кон небото, ќе можат да видат околу 50 до 100 метеори на час. Оние кои живеат во големи градови или осветлени населби, секако, ќе видат многу помалку.
Сепак, утрината кога ќе биде достигнат максимумот на метеорскиот дожд, Месечината, 97% осветлена и практично полна, ќе зајде токму пред појавувањето на првата утринска светлина. Ова ќе остави мал прозорец каде небото ќе биде сосема темно. Па, ако сакате да добиете добар, но краток поглед во овогодишните Персеиди, тоа е периодот кога треба да излезете.
Колку долго ќе трае овој пеозорец на можности ќе зависи од тоа од каде гледате.
Фото: Space.com
Ова е едноставна табела за 13 август, на која се наведени локалните периоди на заоѓање на Месечината и времето на утринската самрачина. Исто така, наведено е траењето во минути на периодите кога ќе има темно небо и кога е најдобро да се набљудуваат метеорите.
Треба да имате предвид дека „прозорецот на темно небо“ се скратува како што одите на север. Исто така, можете да го набљудувате небото и една вечер порано, на 12 август. Иако степенот ќе биде околу една четвртина од највисокиот степен (12 до 25 метеори на час), Месечината ќе зајде околу 50 минути порано, што значи дополнителни 50 минути темнина и небо без
Месечина.
Исто така, треба да знаете дека минималните температури во текот на времето кога ќе можете да го гледате метеорскиот дожд ќе бидат пониски од најавените и може брзо да ви застуди. Затоа не е лошо да си понесете вреќи за спиење, некое парче облека плус и топла храна и пијалаци.
Кренете ја главата и гледајте на повеќе страни, не зјапајте воо една точка. Посветете повеќе внимание на североисточниот дел од небото бидејќи Персеидите ќе прелетаат оттаму.
Со среќа и чисто небо!