Фотографот Џош Дури го искористил метеорскиот дожд „Персеиди“ за да направи неверојатни фотографии од ѕвезди кои паѓаат над Стоунхенџ.
- Во петокот навечер, донесов одлука да го фотографирам метеорскиот дожд „Персеиди“ како „врне“ над Стоунхенџ. Оваа слика отсекогаш сакав да ја доловам, а ја имав на ум прилично долго време. Само требаше да го погодам вистинскиот период за успешно да ги фатам метеорите - вели тој.
Сосема очекувано, една слика на Дури стана вирална кога НАСА ја избра за астрономска слика на денот.
- Животна амбиција ми беше да бидам признаен од НАСА и тоа го сметам за привилегија - вели фотографот.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Josh Dury/Instagram