X
 29.03.2019 Технологија

Секоја втора компанија во ЕУ тешко наоѓа ИТ-експерти

Секоја втора компанија во ЕУ има проблем да пронајде експерти од полето на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ). Ова се новите загрижувачки податоци на евростатистичарите, кои уште еднаш потврдуваат колку ИКТ-експертите станаа барани на европскиот пазар на трудот.

Имено, повеќе од половина од компаниите (53 отсто) што се обиделе да вработат ИКТ-експерти признале дека се соочиле со проблеми во пронаоѓањето.

Најголеми проблеми во вработувањето на ИКТ-експерти имаат Чешка и Австрија, каде што речиси 80 отсто од компаниите кои бараат експерти од овој сектор имаат проблеми во тој процес. Голем проблем во потполнувањето на ИКТ-местата има и во Словенија, каде што дури 65 отсто од компаниите кои бараат ИКТ-експерти имаат проблеми во наоѓањето на тој кадар. Над просекот на Унијата во однос на проблемите во наоѓањето ИКТ-експерти е и Хрватска со 57 отсто од компаниите што имале проблеми во наоѓањето кадар.
 
Затоа, не е ни чудно што сè повеќе европски земји преземаат мерки со кои сакаат да привлечат експерти од ИКТ-секторот. Пример за тоа е Романија, која вработените во ИТ-секторот, како што често се истакнува меѓу ИКТ-експертите, ги ослободи од плаќање данок на доход. Тоа веројатно е и една од причините поради кои недостигот од ИКТ-експерти во Романија е малку послабо изразен отколку во остатокот од ЕУ, иако и таму е присутен. Имено, според податоците на Евростат, 45 отсто од романските компании кои во 2017 година барале ИКТ-експерти рекле дека имале проблеми во наоѓањето на тие кадри.


Фото: Eurostat

Од друга страна, најмали проблеми со пополнувањето на работните места во ИКТ-секторот во рамките на ЕУ има Шпанија. Податоците покажуваат дека дури секоја четврта шпанска компанија која во 2017 година барала ИКТ-експерти имала проблеми во нивното пронаоѓање. Слично е и во Португалија, каде што нешто повеќе од една третина од компаниите имале тешкотии во наоѓањето ИКТ-кадри.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија