X
 21.10.2022 Живот

Угостителите во Виена почнаа да наплаќаат за седење под греалка

Зголемувањето на цените на струјата притисна многу ресторани. Додека некои од нив се принудени да ги затворат своите локали во пресрет на зимата, оние во Австрија смислија друго решение.

Меѓу нив е и Кармен Пахшвел, сопственичка на виенскиот ресторан „Лукулус“, која пронашла рецепт за намалување на трошоците за струја. И покрај пониските температури, гостите можат да седат во нивната популарна градина благодарение на 40 греалки. Но, ако гостите сакаат да се греат, ќе треба да платат 5 евра за четворица, а 10 евра за осум лица.

- Не правиме профит со овој надоместок, тој само ги покрива нашите дополнителни трошоци. За радијатор се потребни 2 киловати на час, што чини 80 центи. Четири радијатори се прикачени над големите маси, што е 3,20 евра. А нашите гости седат во просек три часа. Тоа е 9,60 евра - вели Пахшвел.

Повратните информации од гостите се главно позитивни, вели сопственичката. Поплаките се ретки и сите гости знаат за надоместокот што треба да го платат за греалките.

Пахшвел вели дека најнеразумни се младите пушачи.

- Ако некој не ги разбира еколошките идеи и заштедата, не сум сигурна дали сакам да ми биде гостин - вели таа.

Извор: Rtl.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот