Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 лица позитивни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство. По градови, најмногу новозаразени има во Скопје – 15, а потоа следуваат Куманово со 7, Прилеп со 1, Струга со 3 и Кочани исто така 3.
Сега вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 599 лица.
Од Министерството додаваат дека на Инфективната клиника од коронавирус починале четворица пациенти - еден пациент од Куманово (52 г.), пациентка од Лабуништа, Струга (65 г.), пациентка од Челопек, Тетово (62 г.) и пациентка од Штип (81 г.), додека во Куманово во својот дом починал уште еден пациент потврден на вирусот, на возраст од 53 години
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:
Скопје - 254
Куманово - 128
Дебар - 49
Штип - 20
Прилеп - 34
Тетово - 29
Струга - 28
Велес - 10
Битола - 6
Охрид - 3
Кавадарци - 2
Гостивар - 4
Гевгелија - 4
Струмица - 2
Крива Паланка - 3
Радовиш - 4
Крушево - 2
Кочани - 17
Во изминатото деноноќие се направени 386 теста.