X
 11.08.2021 Живот

Креативна и храбра кампања! „Емирејтс“ качија стјуардеса на врвот на Бурџ Халифа

Бурџ Халифа е највисоката зграда во светот. Таа е висока 829,8 метри и има дури 163 катови.

Неодамна, таа се споменува во медиумите поради реклама на авионската агенција „Емирејтс“. Компанијата споделила видео во кое го слави тргнувањето на Обединетите Арапски Емирати од црвената листа на Велика Британија кога станува збор за граничните мерки поврзани со пандемијата.

Како што се вели во видеото, ова направило компанијата да се чувствува како да е на врвот на светот. Затоа, инфлуенсерката Никол Смит-Лудвик, која е член на екипажот на „Емирејтс“ се качила на врвот на Бурџ Халифа.


Многумина мислеле дека видеото е лажно, но компанијата објавила и видео со кадри од снимањето на рекламата.



Извор: Luxury Launches
Фото: Youtube (Screenshot)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот