Француската организација АДМД, која се залага за евтаназија, на социјалните мрежи сподели постер на кој е претставена ужасната сцена во парискиот тунел од 1997 година каде што загина принцезата Дијана.
- Дијана не ја избра својата смрт. Во 2024 година би требало да можеме да избираме - е описот под рекламата која ја згрози јавноста.
Ова веднаш наиде на осуда, при што пријателите на покојната принцеза и политичарите ја опишале рекламата како „подла, одвратна и гнасна“. Блиска пријателка на принцезата ја осудила кампањата велејќи дека е сурова, бесчувствителна и опортунистичка.
- Дијана беше искористена во текот на нејзиниот живот, а сега од ниски мотиви се искористува и нејзината смрт - изјавила таа за „Дејли мејл“.
Кенсингтонската палата изразила лутина и вознемиреност што трагичната сообраќајна несреќа на принцезата била искористена во реклама.
Извор: lolamagazin.com
Фото: Instagram