Во чест на жената, „Бадвајзер“ промени три од рекламите објавени во 50-тите и 60-тите години со кои денес не се гордеат многу. Старите реклами ја претставуваа жената во подредена улога. Но, медиумите и рекламирањето беа само одраз на светот во кој живеевме. Иако денешната реалност не е совршена, во битката со родовите стереотипи поминавме долг пат, а „Бадвајзер“ ја искористи шансата да го прослави ова и да ја поправи работата со модернизирање и презентирање рамнотежа меѓу половите и зајакнување на жените.
Можеби им е тешко на помладите генерации да си замислат, но во 50-тите години жените се приспособиле на јасните родови улоги. Популарната култура и масовните медиуми само ги засилувале пораките на традиционалните идеали со моделите на репресија и сексуализација на жените од страна на мажите, а ние ова сè уште го забележуваме во многу земји од третиот свет и поконзервативните домаќинства, а тоа влијае врз самодовербата на жените.
Досадна сопруга и мајка која се грижи за домаќинството и безусловно го поддржува трудољубивиот сопруг - ова бил класичен пример за стереотипно совршена жена во 50-тите години. Оваа слика била присутна насекаде низ рекламите, кои секогаш ги поставувале мажите на прво место. Машкиот бренд како „Бадвајзер“ не бил исклучок.
Сепак, брендот стана сериозен во врска со тоа да ги поправи рекламите - преработените верзии на рекламите сега непристрасно се приспособуваат на модерната жена која живее во добро балансирана врска и го користи времето за да се релаксира и да ужива. Иако рекламите имаат иста шарена винтиџ-естетика, ажурираните верзии немаат сексистички пораки и доделени улоги.
1956
Фото: Budweiser
2019
Фото: Budweiser
Слоганот на една стара реклама од 1956 година гласи: -„Таа откри дека се омажила за двајца мажи“, во рекламата од 2019 година е заменета со: „Таа откри дека има сè“.
1958
Фото: Budweiser
2019
Фото: Budwiser
Друга препечатена реклама од 1958 година покажува пар што ужива во пица и пиво: „Домот е местото каде што се случува животот, а животот се случува кога ќе го изградите заедно“, додека пак оригиналот ја прикажува жената која му послужува пиво на нејзиниот маж.
1962
Фото: Budweiser
2019
Фото: Budweiser
Последната ажурирана реклама од 1962 година прикажува жена која штотуку подготвила вечера за нејзиниот сопруг и му послужува пиво, додека на рекламата од 2019 година се појавува истата жена што ужива во вечерата: - Денес е петок, вашата омилена храна за носење штотуку пристигна. Отворете студено „бад“ и уживајте сами.
Кампањата е дел од долгорочното партнерство со „Асоцијацијата на национални рекламни агенции“ и #SeeHer иницијативата, чија цел е да го подобри начинот на кој жените се прикажани низ сите медиуми и реклами. Постои дефинитивно поголема разновидност, точност и почит во портретирањето на жените во споредба со средината на 20 век, но според податоците, само 61 отсто од рекламите позитивно ги претставуваат жените.