X
 11.08.2023 Здравје

СЗО: Ерис, новата подваријанта на ковид, е „варијанта од интерес“

Светската здравствена организација новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува.

„Варијанти од интерес“ се оние соеви за кои е познато дека полесно се пренесуваат, предизвикуваат потешки форми на болести или го заобиколуваат имунолошкиот систем и се шират во неколку различни земји.

СЗО oбјави дека подваријантата EГ.5 не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешка болест во споредба со другите варијанти кои моментално циркулираат.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје