X
 27.11.2023 Економија

Во Њујорк ако не го земете навреме автомобилот што ви го собрал пајак, ќе заврши на аукција

Њујорк сака да го намали бројот на автомобили што завршуваат во градското депо. Затоа, градската управа донесе одлука да ги продава на аукција автомобилите земени од пајак доколку сопственикот не ги побара во рок од 10 дена.

Откако влечната служба ќе го преземе возилото, часовникот почнува да отчукува. Износот кој возачот ќе мора да го плати за да си го земе возилото ќе се зголемува секој ден. Сопственикот ќе треба да плати помеѓу 185 и 370 долари.

Доколку возилото не е преземено во рок од 10 дена, градот ќе го продаде на аукција, а на сопственикот ќе му биде забрането да го откупи.

Полицијата во Њујорк може да го одвлече и заплени возилото кое е непрописно паркирано или кога сопственикот должи над 350 долари за казна за паркирање.

Новата одлука веќе се спроведува и во само една недела се продадени над 180 возила на аукција, според локалните медиуми.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија