X
 16.02.2023 Живот

Компанија нуди комплет „направи сам“ со кој можете да го склопите најмалиот автомобил во светот

„Пил П50“, произведен во раните 60-ти години, бил најмалиот автомобил во светот. Сега, нов комплет што можете да го склопите сами овозможува да си изградите електрична реплика.

Автомобилот првично бил рекламиран како возило за една возрасна личност и една торба за пазарење. Таа серија немала можност за рикверц и наместо тоа, автомобилот имал рачка на задната страна.

За да имате претстава колку е мал овој автомобил со три тркала, погледнете ја сликата подолу.

1
Фото: P50Cars

Производството на автомобилот било прекинато во 1965 година, но, за среќа, неколку мотивирани бизнисмени успеаја да го вратат брендот. Сега „пил П50“ се врати на пазарот.

Компанијата позната како „П50 Карс“ создаде реплика до која е лесно да стигнете.

Достапни се верзии на гас и на електрична енергија. Електричната верзија користи мотор од 4 kW кој го забрзува малото возило до неверојатни 45 километри на час. Оние што сакаат поголема моќност, можат да вградат свој електричен мотор наместо да го користат моделот од 4.000 W што доаѓа во комплетот.

2
Фото: P50Cars

Комплетот вклучува тркала, каросерија, седиште, волан, погон и речиси сè друго што е потребно за изградба на најмалиот електричен автомобил во светот. Потребни се околу 50 часа работа за да се склопи, иако британскиот производител на комплетот продава и целосно склопени верзии за оние што немаат вештини или време да го направат тоа.

Репликата можеби е мала, но ги вклучува сите важни делови: суспензија, осветлување, сирена, сопирачки, ретровизори итн. Исто како и оригиналот, има една врата на левата страна на автомобилот.

Извор: Electrek.co
Фото: P50Cars
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот