X
 17.11.2017 Живот

Училиште што исчезнува во небото

Шпанското архитектонско студио АБЛМ користело огледала за да направи ефект со кој училиштата ќе изгледаат половина помали од тоа што се. Дизајнерите сакале да креираат простор кој ќе биде поврзан со своите мали жители.

фото извор: ABLM Arquitectos

Користеле огледала и други материјали за рефлексија на горниот кат кои успевале да го рефлектираат небото. Долниот дел од зградата е покриен со шарени линии. Палетата е избрана од седум бои, чија цел е да се претстави диверзитетот помеѓу децата што ќе го посетуваат училиштето.

Влезот на училиштето е пресвлечен во истата рефлексивна алуминиумска површина како и горните катови на зградата. Речиси невидливиот материјал е композитен алуминиум со висока рефлексија. Шарениот под е креиран од керамички плочки. Овој регион од Саламанка е во процес на индустријализација и дозволува да се градат големи објекти, но дизајнерите сакале да избегнат импозантна градба која дополнително ќе го загрози просторот.

Архитектите манипулирале со материјалите за да ја задржат контролата над тоа како нивните згради ќе изгледаат – метода која е наречена принудена перспектива и која се користела уште во античка Грција. Метода за манипулирање со просторот и материјалите за да се промени начинот на кој очите и умот го разбираат она што го гледаат.

фото извор: ABLM Arquitectos

Совршен пример за таква градба е Партенон во Грција. Додека архитектонските правила инсистираат секоја колона да биде со истата големина и оддалечени една од друга на исто растојание, тука се случува да има повеќе простор помеѓу колоните на крајот отколку кај оние на средината. Со тоа се создава оптичка илузија, па колоните изгледаат еднакво оддалечени една од друга и со иста големина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот