X
 23.10.2022 Култура

Тајната што ја кријат париските катакомби - темно и морничаво подземје

Париските катакомби се кривулест лавиринт од тунели кои се протегаат длабоко под еден од најпознатите градови во светот.

Ова место, кое последниве години стана неизбежна туристичка атракција, содржи околу седум милиони скелетни останки на поранешни жители на Париз кои морале да бидат преместени бидејќи гробиштата биле преполни на почетокот на 18 век.


Пренатрупаноста на париските гробишта довела до неправилно погребување на починатите, што резултирало со инфекции кои почнале да зафаќаат голем дел од населението. Имајќи предвид дека тунелите под градот се празни, полицијата и свештениците дискретно ги преместиле коските на починатите и ги ставиле под земја.

Подоцна, дел од човечките коски биле искористени и за изградба на екстремно морничави ѕидови и структури во катакомбите.


Поради староста на катакомбите, огромен дел од тунелот не е дел од официјалните катакомби бидејќи се смета за небезбеден. Сепак, големината и должината на тунелот не ги спречуваат крадците, уметниците и љубопитните луѓе редовно да влегуваат.

Во 80-тите години било основано посебно движење чија цел била да се истражуваат напуштените тунели. Било откриено тајно кино, а има уште десетици тајни места, вели фотографот Патрик Алк, кој бил дел од експедицијата.


Денес се дозволени организирани посети на катакомбите, а во тунелите никогаш не смеат да влезат повеќе од 200 луѓе. Турата трае околу 45 минути и опфаќа околу 2 километра.


Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура