На самиот југ на Индија се наоѓа еден град, односно држава. Функционира целосно автономно во однос на Индија, како држава во држава, но тоа не е она што ја издвојува од остатокот на светот.
За Ауровил се вели дека е сосема совршена држава, место каде што нема поделби, место каде што сѐ е во хармонија и во согласност со природните закони.
Ауровил се наоѓа на југот на Индија, во регионот Тамил Наду. Основан е како автономен град-држава, место каде што сè функционира во совршен ред, и во однос на политиката, религијата и образованието.
Градот бил основан во 1968 година со само една цел - да биде место каде што мажите и жените, без разлика на верската или национална припадност, ќе можат да живеат во мир, напредок и хармонија. Ауровил е град на иднината и хармонијата.
Во градот живеат околу 3.000 жители, а тој е вистинско утописко место кое им овозможува на луѓето од сите професии, религии и нации да живеат во мир и хармонија. УНЕСКО го прогласи за меѓународен град, а во него моментално живеат луѓе од над 50 земји во светот.
Во самиот град не се користат пари, се користи некаква картичка, а градот го контролираат и управуваат комитети составени од жители. Во градот нема криминал, нема автомобили и нема класни поделби меѓу луѓето. Градот е речиси целосно независен и самоодржлив. Жителите сами одгледуваат овошје и зеленчук, произведуваат сопствено млеко, како и повеќето прехранбени производи.
Ауровил е создаден како одговор на постојаниот тренд на поделеност во општеството, пренаселеноста и сериозното загадување на планетата. Основната идеја е дека треба да има населба на планетата која би била независна и во која жителите би ги поставиле правилата, ослободени од сите оптоварувања што го кочат денешното општество.
Ауровил е единствена населба во светот, град кој гледа кон иднината и кој се грижи за жителите. Засега успева, а овој модел би можел да се примени во целиот свет, како град каде што иднината навистина постои.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram