X
 11.09.2022 Живот

Во Кина е изграден најизвитканиот облакодер во светот

Низ светот има многу неверојатни облакодери, но веројатно нема облакодер кој е толку извиткан како овој. Станува збор за нова зграда изградена во градот Чонгчинг во Кина, за која се вели дека е најизвиткана кула во светот.


Фото: Aedas

Оваа 80-метарска кула има две извиткани фасади кои прават целата зграда да изгледа како извиткана.

Дизајнирана е од архитектонското студио „Аедас“, а инспирирана од линиите на поларната светлина.


Фото: Aedas

Зградата има 39 ката и ќе се користи за канцеларии, ресторани и кафулиња.

Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: Aedas
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот