X
 11.10.2016 Живот

Што сакале мажите и жените во бракот во 1939, а што денес?

Општествените очекувања од бракот се разликуваат во зависност од културата и историските обележја. На страницата OurWorldInData се прикажани различните очекувања што ги имаат мажите и жените.

За истражувањето се користени се податоци од 1939 и 2008, при што направена е споредба на важноста на одредени карактеристики кај сопружниците, како образование  или интелигенција. Резултатите покажале дека одредени карактеристики станале поважни, а други пак, помалку важни.

Што сакале мажите повеќе во 2008, во споредба со 1939?

Додека во 1939 година привлечноста и љубовта биле петти на листата со очекувани карактеристики, во 2008 се нашле на првото место. За разлика од 1939, во 2008 поважни станале и желбата за дом и деца, образованието, интелигенцијата, дружељубивоста, финансиската стабилност, сличноста во образование, добриот изглед и сличните политички позадини.

Помалку важни станале емотивната стабилност и зрелоста, добриот социјален статус, чесноста, префинетоста и доброто здравје. Цврстиот карактер и верските погледи според истражувањето биле еднакво важни и во 1939 и во 2008 година.

Што сакале жените повеќе во 2008, во споредба со 1939?

За жените до 2008 поважни станале привлечноста и љубовта, образованието и интелигенцијата, дружељубивоста, добриот изглед, финансиската стабилност, сличните образовни и политички позадини и добриот социјален статус. За помалку важни карактеристики до 2008 биле забележани: цврстиот карактер, емотивната стабилност и зрелоста, доброто здравје, желбата за дом и семејство, амбицијата, префинетоста, сличните верски погледи, чесноста и способноста за готвење и водење домаќинство.

Според ова, мажите и жените во поголем дел имаат слични ставови за тоа што е неопходно, а што помалку важно за бракот. За модерните жени, образованието и интелигенцијата од 11-то место во 1939 година дошле на 4-то во 2008. За модерните мажи оваа карактеристика исто така станала поважна од историски аспект, но и желбата  за деца кај нивните сопруги од 7мо се нашла на 4то место.

Извор
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот