X
 09.04.2019 Живот

Лондон воведува дневни такси за возилата

Лондон воведува дневна такса од 27,90 евра за возилата што емитуваат висок степен на загадувачки материи, односно автомобилите што не го исполнуваат минимум евро 6 стандардот.

Таксата ќе ја плаќаат возачите кои со автомобили влегуваат во централниот дел од градот, а лондонските власти веруваат дека во борбата за почист воздух тоа е подобра мерка отколку забраната за дизел-возила.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан им вети на своите сограѓани дека ќе ја намали емисијата на штетни гасови од сообраќајот во градот со околу 9 милиони жители.

Се проценува дека новите мерки на лондонските власти ќе погодат околу 2,5 милиона возила кои се движат во градот.

Германски градови размислуваат за забрана на дизел-возилата заради намалување на загадувањето, а британската престолнина појде по друг пат за да ја оствари целта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот