Повеќето луѓе мислат дека древните цивилизации биле обична група на дивјаци со голи задници и гради. Но, кога ќе ги прочитате овие откритија, сигурно ќе го промените мислењето за нив.
1. Персијците имале клима уреди
Древните Персијци не се само Аладин и неговиот дух од ламбата. Или тепихот. Тие биле доста напредна цивилизација. Да речеме, тие користеле клима уреди. На фотографијата подолу можете да го погледнете принципот на работа, а биле доволно ефикасни да ги разладат на сред пустина, 2.500 години пред да биде измислена модерната клима.
Се` започнало кога започнале да ги прават подводните системи за наводнување наречени канати. Тогаш сфатиле дека ако тука направат кула низ која ќе излегува топол воздух, ќе добијат подрум со доста ладен воздух.
2. Римјаните имале трговски центри
Нема подобар симбол за нашето убаво, модерно, потрошувачко општество од трговските центри, нели? Па можеби, но ги имале и некои постари цивилизации. Да речеме, Римјаните. На фотографијата подолу, трговскиот центар бил отворен во 113 година.
Секако таму имало и таверни, брза храна и грицки. Исто така, трговските центри нуделе и сребро, облека, текстил, декорација, козметика...
3. Стоматолози во Азија
Можеби не сакате да одите на заболекар, но од тоа не се бега, веќе 9.000 години. Пред толку време се појавиле првите забари кај древните народи во Пакистан. Но, не било баш пријатно искуство. Бидејќи не постоела анестезија во тоа време, пациентите морале да го издржат дупчењето на забите, па така морале да трпат.
Од другата страна на планетата, американските индијанци своите заби ги украсувале со скапоцени камења. И тоа со напредна техника која подразбирала отстранување на слој на забите и користење на лепак.
Старите Египјани ја измислиле пастата за заби и таблети за за свеж здив од нане, мед и цимет. Токму нивните пронајдоци ги користиме и ден денес.
4. Грците и алармот
Во 4 век пред новата ера Платон имал проблем - студенти кои не доаѓале за време на предавањата. И секако, го решил.
Античките Грци користеле таканаречени водени часовници. Тие подразбираат два садови - кога водата се префрла во друга, поминува одредено време. Тие часовници биле насекаде, па дури ги користеле и проститутките.
Платон додал уште малку техника и успеал да направи воден часовник со аларм кој навистина работел.
5. Првите очила за сонце
Племињата кои живееле во близина на Беринговото море користеле очила за сонце. И не само што биле ефикасни, туку и изгледале одлично. Тие им помагале да ја набљудуваат тундрата на светлина или на снег.
6. Викинзите имале социјална поддршка
Можеби Викинзите биле високи, гласни и малку луди, но и тоа како биле напредни во однос на некои работи. Тогаш постоеле закони кои денес можат да се применат без проблеми. Така, за претресување на туѓ имот, морале да добијат судски налог.
Жените на Викинзите можеле да се разведат ако сакале, а силувачите можеле да бидат убиени. Имале и даноци кои служеле за сиромашните да добијат помош, а после разводот децата добивале финансиска поддршка од татковците.
7. Неандерталска медицина
Неандерталците знаеле за медицина многу повеќе од некои од нас. Можеби не биле најбистри, но кога имале проблеми со варењето на храната или инфекција, користеле камилица и слично.