Остатоците од детето од ледената доба беа откриени преку археолошки ископувања во 2013 година. Содржеле траги од ДНК, па тоа им овозможило на научниците да изведат комплетни анализи. Се открило дека пронајденото девојче ѝ припаѓало на претходно непозната популација на стари Индијанци – откритие кое го менува сето она што е познато за првите луѓе на континентот.
фотоизвор: Eric S. Carlson/Ben Potter
Генските докази се првите што покажуваат дека Индијанците можат да трагаат по своето потекло сè до првичните миграции што се случувале на крајот од ледената доба. Доказите покажуваат дека првите доселеници на континентот пристигнале пред околу 20.900 години. Потоа, тоа население се поделило во 2 групи – едната група станува предок на сите Индијанци во Америка, а другата оди не подалеку од Алјаска – претходно непозната популација на жители на Северна Америка кои се сметале дека се антички Берингијанци.
Познато е дека првите доселеници на Северна Америка мигрирале од Сибир кон Алјаска преку античкиот мост познат како Берингија. Но, научниците не се сигурни дали била само една или повеќе групи на доселеници и кога точно се случила миграцијата. Пронајдоците на тела даваат поинаква слика за тој настан, па ДНК-анализата не се согласува со која било позната античка популација, ниту пак која било привремена популација. Така, научниците велат дека не ни знаеле дека постои популацијата од која произлегле ДНК-анализите. Генетичките анализи покажале дека пронајдените остатоци повеќе потсетуваат на раните Индијанци отколку на азиските предци.
Античките Берингијанци се разликувале од другите Индијанци иако имале сличности. Таа група на луѓе најверојатно дошла до Алјаска пред 20.000 години. Или две различни групи на луѓе поминале преку мостот, или една група на луѓе поминала на мостот и потоа се поделила во 2 групи – антички Берингијанци и Индијанци.
Изгледа дека античките Берингијанци останале на север илјадници години, додека предците на другите Индијанци се рашириле во остатокот од Северна Америка. Сепак, научниците велат дека сите овие претпоставки се базираат само на генетички анализи, односно дека нема начин за емпириско докажување на истите. Секако дека се работи за едно ново поглавје во откривањето на популациите и начинот на кој се населувала Северна Америка. Но, потребни се уште генетички и археолошки докази за да се потврдат претпоставките и да се продолжи со
истражувањето.