За сите љубители на пивото, пиварница на шкотски остров бара нов член на персоналот кој ќе стане дел од тимот.
Ако некогаш сте почувствувале потреба да избегате од градскиот метеж и да одите на шкотските острови, ова може да биде вашата шанса. А би било одлично и ако сте експерт за пиво.
Пиварница на островот Аран бара приправник за пиво. Меѓу смените можете да ги гледате живописните предели на островот, кој се наоѓа веднаш до западниот брег на Шкотска.
Кандидатот ќе работи од понеделник до петок, а платата е 9,50 фунти на час.
- Приправникот ќе учествува во сите аспекти на процесот. Нашата програма за приправници ќе ве одведе од почетник до целосно квалификуван производител на пиво и ќе ви обезбеди добро разбирање и практично искуство за сите аспекти на процесот на подготовка - велат од пиварницата.
- Ќе бидете одговорни за одржување на нашите стандарди за квалитет и безбедност - додаваат тие. Секако, од пиварницата велат дека очекуваат кандидатот да се пресели на островот.
Дополнителни информации може да најдете
ТУКА.
Извор:
Glasgowlive.co.uk
Фото: Freepik