X
 11.10.2022 Живот

Сите луѓе со сини очи се потомци на еден човек

Сите луѓе со сини очи се потомци на еден Европеец кој живеел пред 6.000-10.000 години, велат научниците.

На почетокот сите луѓе имале кафени очи во разни нијанси, сè додека не се појавила мутација кај еден човек. Мутацијата во генот наречен ХЕРЦ2 го „исклучува“ генот кој одредува колку кафен пигмент се создава. Тоа резултира во сини очи.

Според научниците, доказот дека сите лица со сини очи се потомци на една личност е во тоа што сите тие ја имаат истата мутација.

Според нив, само 8 до 10 отсто од населението во светот имаат сини очи.

Очите не се развиваат целосно во детството, па затоа како дете може да имате сини очи, а потоа да го добиете кафениот пигмент.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот