X
 03.08.2017 Наука

Конечно се знае како изгледал првиот цвет на Земјата

Иако повеќето видови растенија на Земјата имаат цветови, нивното потекло отсекогаш било мистерија. Цветовите се оплодувачи на повеќе од 360 илјади вида растенија, а сите настанале од заеднички предок во далечното минато.

фото извор: seawhisper/Shutterstock.com

Растението предок, кое постоело пред помеѓу 250 и 140 милиони години, ги произвело првите цветови кога планетата била потопла и побогата со кислород. Со други зборови, кога постоеле диносаурусите. Од првите цветови нема траги бидејќи се работи за кршливи структури кои само во најсреќни околности можат да се трансформираат во фосили.

Нова студија во која биле вклучени голем број интернационални ботаничари, успеала да ја создаде најдобрата реконструкција на она што претставува цвет-предок. Ботаничарите ги споредувале сличностите и разликите помеѓу поврзаните растенија за да ги откријат карактеристиките на првиот цвет.

Изгледот на цветот потсетува на сегашна магнолија, со повеќе листови поставени во концентрични кругови. Исто така, авторите на студијата утврдиле дека цветот-предок можел да врши репродукција и како машки и како женски пол. Тоа е голема предност кога се случува колонизирање на нова средина. Можеби токму комбинацијата на половите помогнала за брзото размножување на цветовите.

Разликата во изгледот и во конструкцијата на цветот-предок е во тоа што за разлика од сегашните цветови, кај него органите се наоѓаат во концентрични кругови, а не во спирала. Исто така, бројот на круговите бил поголем, па се претпоставува дека со текот на времето цветовите станале поедноставни. Таа едноставност на модерните растенија им дава постабилна основа во која еволуираат и можат да постигнат посложени задачи, како софистицирана интеракција со одредени инсекти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука