X
 30.01.2017 Наука

Откриен е најстариот предок на човекот?!


Подводна сцена

Научници објавија револуционерно откритие: откриен е најстариот предок на човекот и на многу други живи суштества.

Тие пронајдоа фосилизирани остатоци од 540 милиони години старо суштество, и тоа „многу добро зачувани“.

Микроскопското морско животно е првичниот чекор на патеката на еволуцијата што довел до појава на првите риби и најпосле на човекот.

Деталите за ова откритие во централна Кина се објавени во списанието „Nature“.

Истражувачкиот тим соопшти дека Saccorhytus-от е најпримитивен пример на категоријатa деутеростоми, предок на широк спектар на живи суштества, вклучително и на ´рбетниците.

Saccorhytus  бил со должина од  само еден милиметар и живеел меѓу честичките од песок на морското дно.
Студијата ја спровеле експерти од Кина, Велика Британија и Германија, а меѓу нив бил и професорот Сајмон Конвеј Морис од Универзитетот „Кембриџ“.

„Со голо око, фосилите кои ги проучувавме изгледаа како зрнца од песок, но под микроскоп ‘оживеаја’“ , изјави тој за „Би-Би-Си“.

„Сметаме дека овие деутеростомии се примитивен почеток на многу живи битија, вклучително и на човекот. Сите деутеростомии имале заеднички предок, а ние сметаме дека станува збор за Saccorhytus.“

Ова суштество било прекриено со тенка, релативно флексибилна кожа и мускули, а се смета дека се движеле со влечкање, исто како и црвите.

Истражувачите велат дека нивна најизразена карактеристика е нивната огромна уста низ која ги „вшмукувале“ честичките од храна.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука