„Психо“ е еден од најпознатите филмови на Алфред Хичкок. Но, тој не бил снимен лесно.
На студиото „Парамаунт пикчрс“ не му се допаѓало ништо во филмот и затоа не му бил одобрен буџет на режисерот. Затоа Хичкок го финансирал снимањето со финансии од телевизиската компанија „Шемли продакшнс“. Буџетот, сепак, бил мал, помалку од 1 милион долари, па затоа сите трошоци биле контролирани и тој бил снимен во црно-бело во 1960 година.
Кога филмот започнал да се прикажува во кината, Хичкок ја контролирал неговата промоција. Актерите не гостувале во медиумите како обично, а на критичарите не им биле понудени приватни проекции. Освен тоа, проекциите биле прикажување по строго контролиран распоред низ светот. Не се примале гледачи кои задоцниле. Пред кината стоел знак на кој пишувало дека гледачите ќе го гледаат филмот од почетокот или воопшто нема да го гледаат.
- Нема да дозволиме да бидете измамени. Мора да го видите „Психо“ од самиот почеток. Затоа, не очекувајте да бидете примени во киното по почетокот на секое прикажување. Велиме никој - и мислиме никој - дури ни братот на менаџерот, претседателот на САД или англиската кралица (Бог да ја благослови) - гласеле знаците пред кината.
На почетокот, на менаџерите во кината не им се допаднало ова бидејќи стравувале од загуби, но Хичкок не попуштил. А тоа му се исплатело бидејќи токму тоа го привлекло вниманието на публиката. Пред кината чекале редици луѓе кои сакале да го гледаат филмот. „Психо“ бил критички и комерцијален успех и повторно бил прикажуван во 1965 година.
Извор:
Open culture
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)