X
 27.08.2021 Култура

Излезе првиот трејлер за новиот филм за принцезата Дијана со Кристен Стујарт

Првиот трејлер за „Спенсер“, филм за принцезата Дијана, излезе неколку дена пред неговата премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

Филмот, во кој Кристен Стујарт ја портретира принцезата Дијана, го прикажува викендот во текот на божиќниот период во Сандрингам, кога Дијана одлучи да го прекине нејзиниот брак со Чарлс. Режисер на филмот е Пабло Лоран, кој потекнува од Чиле, чиј филм „Џеки“ претходно ја доведе Натали Портман до номинација за „Оскар“ за најдобра актерка.

- Тешко е да не се чувствуваш заштитнички кон неа. Таа беше толку млада. Перспективата на сите е различна и не постои начин сите работи да излезат како што треба - изјави Стујарт во 2020 година.

Стујарт се смета за потенцијален добитник на престижни награди оваа година, заедно со Лејди Гага за улогата во филмот „Куќата на Гучи“ и Никол Кидман за „Да се биде Рикардос“.

Филмот премиерно ќе биде прикажан на фестивалот во Венеција заедно со „Моќта на кучето“ и „Изгубената ќерка“. Премиерата на филмот во киносалите е закажана за ноември.



Извор: The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура