X
 19.06.2021 Култура

Лондон, Париз и Рим се преценети: Помалку познати места што ќе ве воодушеват

Лондон, Париз, Рим и Барселона се градови што ги посетуваат милиони туристи секоја година. Сепак, овој пат ви претставуваме неколку помалку познати места што ќе ве воодушеват исто како овие европски градови.

Чешки Крумлов, Чешка

1
Фото: Freepik

Иако едвај видлив на мапата, овој град, на реката В'лтава, бил изграден околу замокот од 13 век. Денес архитектурата на градот е класичен пример за мало средновековно гратче, а стариот град е под заштита на УНЕСКО. Замокот е комбинација на готски, ренесансни и барокни елементи.

Света Магдалена, Италија

2
Фото: Freepik

Овој мал планински град во Доломитите се наоѓа во подножјето на снежните планини и зелените ридови, па изгледа како да е излезен од бајките. Со оглед на позицијата помеѓу Австрија и Италија, тука ќе забележите присуство на две кујни.

Зимските активности се чести тука, па затоа сместувањето треба да се резервира навреме.

Степанцминда, Грузија

3
Фото: Freepik

Архитектурата и природната убавина овде имаат создадено совршена хармонија. Сите погледи се свртени кон црквата на врвот на ридот Гергети, која е изградена во 14 век. Ако барем за кратко време ја оставиме настрана природната убавина, Степанцминда е совршено место за истражување на националниот парк Казбеги. Исто така, ако се најдете во Грузија, имајте на ум дека во оваа земја е прилично евтино, а вината се со исклучителен квалитет.

Кефалу, Италија

4
Фото: Freepik

Палермо и Катанија се одлични градови ако сакате да ја запознаете Сицилија. Сепак, треба да ги посетите и помалите градови со цел да добиете целосно искуство на едно место. Според тоа, Кефалу е еден од тие градови. Само еден час возење од Палермо, овој град, со пристап до Тиренското Море, е најгорд на својата катедрала, која е под заштита на УНЕСКО.

Бидејќи Кефалу бил под влијание на норманското владеење, архитектурата на градот се карактеризира со градежни конструкции од нормански тип.

Фурнас, Португалија

5
Фото: Freepik

Во последниве години туристите го открија Азурниот Остров, кој има сè поголем број посетители секоја година. Една од најубавите туристички дестинации - Фурнас изобилува со термални извори кои се лековити.

Покрај термалните и лековити извори, главна атракција на ова место е и националната кујна - чорба од месо  направена во топла вода што извира од гејзерот.

Езе, Франција

6
Фото: Freepik

На ривиерата помеѓу Ница и Монако, на висок рид, се наоѓа шармантно средновековно село. Улиците се исполнети со историски статуи од 1700 година, како и разни конструкции од овој период. Посетата на градот нема да биде целосна ако не одвоите доволно време да ја посетите ботаничката градина.

Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура