X
 05.03.2021 Живот

Овој град ја создаде најголемата бесплатна градина каде што секој може да бере овошје и зеленчук

Во Атланта има градина што се протега на 2 хектари и жителите можат да одат и да собираат овошје и зеленчук бесплатно. Станува збор за проектот наречен „Фуд форест“, кој содржи 2.500 растенија за јадење и лековити растенија достапни за секој што има потреба.

Станува збор за една од сѐ поголемиот број шуми со бесплатна храна што се развиваат во градовите низ САД, откако граѓаните и приватните и јавните организации се обидуваат да се справат со проблеми како што е гладот.

Во Атланта овој проблем е акутен, а организацијата „Фуд аксес рисрч атлас“ проценува дека секој четврти жител на Атланта, или околу 125.000 луѓе живеат во области дефинирани како „пустини за храна“ врз основа на нивната географска оддалеченост од продавниците за храна.

Преку создавањето на најголемата градина за бесплатна храна, Фондот за конзервација, со помош на градот Атланта и шумската служба на САД, обезбедува оваа поранешна градина да ја продолжи традицијата на хранење на заедницата.

Сместена во Браунс Мил, на само 10 минути од аеродромот во Атланта, најблиската самопослуга за 2.100 жители во таа област е на 30-минутно возење со автобус.

- Пристапот до зелениот простор и до здравата храна е важен. Тоа е дел од нашата мисија - вели Мајк Мекорд, експерт за дрвја.

Искористени се практики познати како пермакултура и конкретно како „агро-шумарство“ - термин што го опишува „бракот“ помеѓу шумата и полето на начин што има корист и за глобалната и за локалната клима.

Веќе исполнет со големи, оревови дрвја и капинки, процесот на преобразба беше доволен да се создаде простор под дрвјата на кој може да се одгледуваат култури.

1
Shannon Lee, The Conservation Fund Parks with Purpose Program

- Станува збор за парк наменет за секого. Секојпат кога одам, таму има заедница која ја почитува и цени свежата здрава храна. Постои менталитет дека луѓето ќе го земат само она што им треба - вели Карла Смит, градски советник во Атланта.

Извештаите за луѓе што земаат повеќе отколку што им е потребно се ретки, а храната што останува ја собираат волонтери со полно работно време и ја дистрибуираат во заедницата.

Според Фондот за конзервација, се одржуваат часови за градинарство и готвење за да им се помогне на членовите на заедницата, а проектот вклучува заеднички градинарски корита што можат да ги искористат посетителите.

Станува збор за проект што ги носи најсилните демократски симпатии и се протега назад сè до атинска агора (или јавен плоштад), каде што членовите на заедницата вложуваат напори за да создадат општество што цути преку специјализација и меѓусебна размена.

Извор: Good News Network
Фото: Shannon Lee, The Conservation Fund Parks with Purpose Program
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот