X
 11.11.2022 Наука

Откриена ѕвезда со цврста површина

Ѕвездите се големи жешки топки од плазма што се создава при загревање на гасови. Меѓутоа, група астрономи сега забележале ѕвезда со цврст надворешен слој, првпат досега.

Магнетното поле на ѕвездата е толку силно што се чини дека ја „замрзнало“ површината на ѕвездата во цврст надворешен слој. Астрономите ја откриле ѕвездата со помош на сателит дизајниран за мерење на поларизацијата на светлина од х-зраци на ѕвезди и други вселенски тела.

Ѕвездата е од видот магнетар и се наоѓа на околу 13.000 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Касиопеја.

Истражувањето на ѕвездата покажало дека таа нема атмосфера, а нејзината цврста површина веројатно е составена од решетка од јони кои се прицврстени од магнетното поле.

- Гасот на ѕвездата стигнал до пресвртна точка и станал цврст на сличен начин на кој водата се претвора во мраз. Ова е резултат на неверојатно силното магнетно поле на ѕвездата - изјавила професорката Силвија Зејн, еден од авторите на истражувањето во кое се опишува откритието.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука