„Од оваа далечна гледна точка, Земјата можеби не изгледа како нешто посебно. Но за нас е поинаку. Земете ја во предвид таа точка. Тоа е тука, тоа е дома, тоа сме ние. На неа се сите што ги сакате, сите што ги знаете, сите за кои некогаш сте слушнале, секое човечко суштество што некогаш постоело, тука го живеело животот. Агрегат на нашата радост и страдање, илјадници религии, идеологии и економски доктрини, секој ловец и трагач, секој херој и секоја кукавица, секој творец и уништувач на цивилизацијата, секој крал и селанец, секој млад заљубен пар, секоја мајка и секој татко, надежно дете, пронаоѓач и истражувач, секој учител на моралот, секој корумпиран политичар, секоја суперѕвезда, секој врховен лидер, секој светец и секој грешник во историјата на нашиот вид живеел тука, на Земјата.
Земјата е многу мала сцена во огромната космичка арена. Помислете на реките крв пролеани од сите генерали и императори, за да можат во слава и триумф, да станат моментални господари на дел од точка. Размислете за бескрајните суровости со кои се соочуваат жителите на еден агол на овој пиксел, колку чести се нивните недоразбирања, колку сакаат да се убијат еден со друг.
Нашите ставови, нашата замислена себе-важност, заблудата дека имаме привилегирана позиција во универзумот, се предизвикани со оваа точка на бледа светлина. Нашата планета е осамена пупка во големата космичка темнина. Во нашата маѓепсаност, во сета оваа пространост, нема навестување дека помошта ќе дојде од друго место за да нè спаси од нас самите.
Земјата е единствениот свет досега познат дека содржи живот. Никаде на друго место, барем во блиска иднина, нашиот вид не може да мигрира. Да посети, да. Да се пресели, сè уште не. Без разлика дали ви се допаѓа или не, во моментот Земајта е местото каде што живееме.
Се вели дека астрономијата е скромно искуство за градење карактер. Можеби не постои подобра демонстрација на глупоста на човекот од оваа подалечна слика од нашиот мал свет. За мене, ја нагласува нашата
одговорност да се однесуваме љубезно еден со друг и да ја зачуваме и негуваме бледата сина точка, единствениот дом што некогаш го познаваме“.